„ИМАМ НУЛА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА ПРИТИСОЦИ!“: Трајковски посочи какви манипулации забележуваат инспекторите на терен
- Работам во интерес на граѓаните и законските прописи! Како што напоменав и претходно, во иднина ќе ги објавувам називите на субјектите кои ја прекршиле Одлуката и ги манипулирале граѓаните - ова го истакна денеска директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски.
Тој истакнува дека и покрај најавите за тужба лично до него од голем производител на млеко и млечни производи, потенцира дека имам нулта толеранција за притисоци и ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните, како и до сега.
- Не е во ред истиот да оди со профитна маржа дури до 70 отсто на одредени производи кои се опфатени со Одлуката каде што бруто профитната маржа е ограничена на 10 проценти.
Во врска со добиениот допис од Здружението на производители и преработувачи на млечни и месни производи, сакам да образложам дека производителите можат да пласираат производи во пакување од 1 килограм и 1 литар, но имам обврска да укажам на јавноста со што се соочиле нашите инспектори на терен.
Точно е тоа дека со закон во Македонија е дозволено пакување од 1 килограм или 1000 грама и од 1 литар или 1000 милилитри на јогуртот, но општо познат факт е дека 1 килограм е помалку од 1 литар и 1 килограм изнесува 950 до 980 милилитри во зависност од густината на јогуртот.
Она што е забележано на терен од страна на инспекторите е дека на рафт наоѓаме производ од 1 килограм јогурт, а на етикетата за означување цени стои дека е 1 литар кај трговците на мало. Со ова се доведуваат во заблуда потрошувачите, а ние како институција тоа нема да го дозволиме - нагласува Трајковски
Потоа истакна дека во наредните денови „продолжуваме со интензивни контроли по Одлуката, затоа што е донесена во интерес на граѓаните, а законот ќе важи исто за сите!“.
Фото: Принтскрин/Фејсбук
Слично
