ИМАЛО САМО 27 ГОДИНИ: Убиено момче од Скопје
Младо 27 годишно момче починало синоќа неколку часа пред полноќ, откако по претходна расправија било прободено со остар предмет од 30 годишник од Мирковци, потврдуваат од МВР за Плусинфо.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека немилиот настан бил пријавен во 22.40 часот, кога 27 годишниот скопјанец П.Ш. прво вербално се пресметувал со Н.В (30) од Мирковци, кој потоа му нанел повреда која била фатална за него.
Повредениот П.Ш бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“, каде им подлегнал на повредите. Во 23.20 часот во с. Ново Село, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.В.(30) од с.Мирковци кој бил осомничен за стореното дело – велат за Плусинфо од МВР.
Слично
