Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИМАЛО ПРИЈАВА ДЕКА ПСИХИЧКИ ГИ МАЛТРЕТИРА УЧЕНИЦИТЕ: Полицијата приведе наставничка во Неготино

ИМАЛО ПРИЈАВА ДЕКА ПСИХИЧКИ ГИ МАЛТРЕТИРА УЧЕНИЦИТЕ: Полицијата приведе наставничка во Неготино

Приведена е наставничка од Неготино, откако за неа имало пријава дека психички малтретирала ученици.

Полицијата ја приведе вчера попладне, информираа денеска од СВР Велес. 

„Вчера во 17.30 часот полициски службеници од ОВР Неготино ја лишиле од слобода Т.Ј.С.(48) од Неготино, наставничка во училиште во Неготино, постапувајќи по пријава според која таа психички ги малтретирала учениците за време на настава. Т.Ј.С. е приведена во полициска станица и по документирање на случајот против нејзе ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од СВР Велес.
Во полициските билтени и претходно имало пријави за инциденти во училиштата, односно ако наставник удрил дете. 

При крајот на септември годинава имаше пријава за наставник од Злетово кој нападнал дете. 

Во мај годинава имаше пријава за наставник кој во основно училиште на Бит Пазар истепал ученик. 

Слично

Поврзани вести