ИМАЛО НЕДОВЕРБА И НЕТРПЕЛИВОСТ ВО АНТИКОРУПЦИСКА - Розета Трајан си поднесе оставка
Розета Трајан, досегашен генерален секретар на Државната комисија за спречување корупција, даде оставка од фунцијата. Нејзиното барање за разрешување беше изгласано со шест гласови „за“ од страна на членовите на ДКСК, а „против“ гласаше единствено Горан Трпеноски.
Трајан им се заблагодари на соработката на колегите од ДКСК, каде работи уште од 2016 година, додавајќи дека потегот се должи на лични причини.
Според медиумите, проблем бил недостигот на доверба на релација меѓу Трајан и претседателката на комисијата Билјана Ивановска.
Од тие причини Ивановска иницирала разрешување на Трајан, која поради ваквите наводи одлучила сама да се повлече.
„Добро е што даде оставка. Јас и така последниов период ја изгубив довербата во тебе и убаво што тоа се поклопи со твоето барање да ја напуштиш оваа институција“, рекла претседателката Билјана Ивановска, пренесува Слободен печат.
Повеќето од членовите и посакаа успех на Розета Трајан во понатамошната кариера, а дел од нив кажаа дека таа добро ја извршувала работата.
До изборот на нов генерален секретар на Антикорупциската комисија функцијата ќе ја извршува Ирена Поповска.
Слично
