Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИМАЛО ЛИ ВИСОКИ СЛУЖБЕНИЦИ ОД ПОЛИЦИЈАТА ЗАМЕШАНИ ВО „ШТАНЦАЊЕТО“ ДОЗВОЛИ - министериот уверува, правдата ќе ги стигне сите

ИМАЛО ЛИ ВИСОКИ СЛУЖБЕНИЦИ ОД ПОЛИЦИЈАТА ЗАМЕШАНИ ВО „ШТАНЦАЊЕТО“ ДОЗВОЛИ - министериот уверува, правдата ќе ги стигне сите

И во овој случај, каде што имаме преку коруптивни дејствија и злоупотреби на службената положба, точно е декса имаме истрага за осум лица, припадници на МВР, кои директно учествувале во нелегалните активност со издавање на возачки дозволи на лица кои немаат положено возачки испит. Поднесени се кривични пријави против тие лица, но и против 28 лица кои го поттикнале ова кривично дело.

Ова го потврди министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој најави дека припадниците на МВР ќе бидат суспендирани од МВР и против нив ќе се води дисциплинска постапка. 

МВР има информации дека вакви обиди имале и други државни службеници, од други министерства, за злоупотреби и коруптивни активности.

„Јас и МВР сме решени да постапуваме во секој случај каде што има обиди за коруптивни дејствија, без разлика дали станува збор за припадмници на МВР или за други службеници во други министерства. Работиме заедно со Јавното обвинителство и кажувам дека ниту еден обид за злоупотреба нема да биде толериран“, рече Спасовски.

На новинарското прашање колку е овој случај навлезен нагоре по хиерархијата на МВР, односно дали се замешани и повисоки припадници на полицијата, Спасовски рече дека на овој предмет се уште се работи и тој е во истрага, така што повеќе детали сега не може да се изнесуваат. Но, тој уверува дека правдата ќе го стигне секого што правел злоупотреби, без разлика на колку висоика позиција е тој и во која државна институција. 

Како што е познато, МВР вчера соопшти дека е сузбиена е група која „штанцала“ возачки дозволи за пари, без при тоа кандидатите да полагаат возачки испит. 

Оддделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во МВР до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против 36 лица, од кои осуммина вработени во МВР поради основано сомнение дека сториле кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ по чл. 353, „несовесно работење во службата“ по чл. 353 и „фалсификување на службена исправа“ по чл. 361 од Кривичниот законик, како и против 28 граѓани поради сомневање дека сториле поттикнување во извршување на наведените кривични дела. 

„Пријавените службени лица вработени во Одделението за управни работи Скопје искористувајќи ја својата службена положба и овластување на 28 граѓани, спротивно на законските прописи, без да имаат положено возачки испит и без потребната документација, извршиле електронско креирање на документација со внесување на лажни податоци, истата ја одобриле за изработка, по што им биле издадени возачки дозволи за управување на моторни возила“, информираат од МВР. 

По наредба на судија на претходна постапка, извршени се претреси во службените простории на Одделението за управни работии во домот на еден од осомничените, кој е лишен од слобода и задржан во полициска станица, од каде ќе биде изведен пред надлежен судија од Основниот кривичен суд. Обезбедените материјални докази ќе бидат предадени на јавен обвинител за понатамошна постапка. Осомничените службени лица се суспендирани од работните места и против нив ќе бидат поведени дисциплински постапки.

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести