Економија, финансии, бизнис

Контакт

Имало ли маркетиншки трикови и нереални очекувања за датумот?

Имало ли маркетиншки трикови и нереални очекувања за датумот?

Според францускиот амбасадор во земјава, Кристијан Тимоние, имало маркетиншки трикови и нереални очекувања дека Македонија ќе ги почне преговорите со ЕУ. 

Вели дека тоа не е можно само врз основа на Договорот од Преспа и геополитиката, напротив потребни се реално спроведени реформи.

Тимоние вели дека Франција постојано предупредувала дека реформите не се доволни, но била игнорирана. 

Додава дека освен на хартија, реформи треба да има и во пракса. Според амбасадорот, одговорност треба да сносат оние кои даваат лажни ветувања. 

Францускиот претседател, Емануел Макрон стави вето на одлуката за почнување преговори со Македонија и Албанија, но наскоро треба да ги посети Скопје и Тирана. 

Поранешниот амбасадор Ѓорѓи Спасов на Фејсбук пишува дека Макрон бил арогантен и дека во Европа нема солидарност. 

Недоделувањето датум ги обесхрабрува и властите во Белград, кои преговараат со Приштина за Косово. 

Слично

Поврзани вести