Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИМАЛО ИЛИ НЕМАЛО ОБИД ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ НА КЛИНИКАТА НА ЖАН МИТРЕВ - ВМРО и СДСМ и денес со спротивствени ставови

ИМАЛО ИЛИ НЕМАЛО ОБИД ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ НА КЛИНИКАТА НА ЖАН МИТРЕВ - ВМРО и СДСМ и денес со спротивствени ставови

Денеска продолжуваат партиските препукувања меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за случувањата во клиниката на Жан Митрев. 

Од владејачката тврдат дека имало обид за преземање на неговатаклиника од страна на лидерот на СДСМ во периодот кога беше министер за здравство, но опозиционерите го негираат тоа. 

- Секојдневно на виделина излегуваат нови факти дека на СДС и Венко Филипче за време на 7 годишното владеење приоритет не им биле граѓаните туку сопствените лукративни цели и интересите на тесен круг луѓе блиску до врхушката на СДС како и бизнис зделките договорени со менторот Заев - се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Додават дека, „во низата афери најскандалозен е случајот со планот на Филипче и Заев за преземање на болницата Жан Митрев кој во јавноста доби потврда и од самиот доктор Жан Митрев“.

- Филипче и Заев имале точно разработен план како да ја преземат болницата Жан Митрев. Класичен модел на делување на кланот Заеви и Филипче преку притисоци, уцена, закани, злоупотреба на институциите и влијание врз судски постапки да остварат лични цели и огромен профит.

За таа цел Филипче и Заев имале добро подготвен план за што говори фактот со зголемувањето на сумата од ФЗО која се префрла на Болницата. Сумата во 2020 година достигнала околу 11 милиони евра, што е скоро дупла за разлика од сумата одвоена за болницата во 2015 година.

Планот за преземање на приватна болница не им поминал, што буквално би значело приватизирање на народни пари.

Филипче да не молчи и да одговори дали навистина имал за цел со преземање на болницата Жан Митрев да си приватизира за лична корист, пари од народот?

Колку ќе профитирале Филипче и Заев од зделката за планот што го скроиле и колку народни пари ќе завршеле во нивните џебови?

ЈО да го истражи случајот со Клиничката болница Жан Митрев - велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштението и додаваат дека остануваат посветени на заштита на јавниот интерес и борба против криминалот и корупцијата.

На истата тема денеска се огласи и опозициската СДСМ од каде велат дека „додека ВМРО продолжува со лажната кампања и линч против претседателот на СДСМ, Венко Филипче, никаде го нема др Жан“. 

- Излезе на Алфа ТВ, изнесе лаги за претседателот Филипче и го снема.

Прашањето е каде е др Жан?

Дали Обвинителството го повика?

Кампања со недели трае во медиумите под контрола на ВМРО/Орбан, а нема никаква реакција од Обвинителството.

Кога Жан ќе оди и ќе даде изјава? Прашуваме веќе неколку недели.

Никако да добиеме одговор - пишува во соопштението на СДСМ 


Слично

Поврзани вести