Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИМАЛА ДИЈАБЕТЕС И ПРЕКУМЕРНА ТЕЖИНА - во Тетово од ковид почина млада 19 годишна девојка

ИМАЛА ДИЈАБЕТЕС И ПРЕКУМЕРНА ТЕЖИНА - во Тетово од ковид почина млада 19 годишна девојка

Седум починати во изминатите 24 часа, од 7 часот вчера до утринава во 7 часот, бележи ковид центарот во Клиничката болница во Тетово, а меѓу нив најмлада е 19-годишна девојка, информираше координаторот на центарот, д-р Гзим Нуредини.

Меѓу починатите, покрај 19-годишната девојка има луѓе на возраст од 43, 57, 51, 67, 73 и 76 години.

„Починатите се со хронични болести, како и најмладата пациентка која се соочувала со дијабетес и прекумерна телесна тежина. За тие 24 часа бележиме 15 нови примени на болничко лекување, како и 192 амбулантски прегледи. Вкупно сега има 111 на болничко лекување, меѓу кои шест пациенти со една доза и само еден со две дози примена вакцина“, изјавил д-р Нуредини за дел од медиумите.

Вчера во Тетово имаше четворица починати, со што во текот на пандемијата бројката достигна 341 починати поради Ковид-19.

Од вчера во Клиничката болница Тетово за болничко лекување почна да се користи и третиот кат од интернистичкиот блок покрај модуларна болница, инфективно одделение и два ката од интерно одделение.

Но, подоцна Министерството за здравство соопшти дека е направен превид со матичниот број и дека жената немала 19, туку 59 години. 

Слично

Поврзани вести