Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИМАЛ ЗАБРАНА ЗА ПРИБЛИЖУВАЊЕ: Пред злосторството извршил неколку кривични дела, жената била киднапирана од куќата на мајка ѝ!

ИМАЛ ЗАБРАНА ЗА ПРИБЛИЖУВАЊЕ: Пред злосторството извршил неколку кривични дела, жената била киднапирана од куќата на мајка ѝ!

Монструмот од Македонија, како што го нарекуваат медиумите во соседството, кој синоќа тешко повреди жена на патарината во Прешево, имал забрана за приближување до жртвата, дознава Ало!

Страшниот чин се случил синоќа околу 21 часот и 30 минути, кога возилото на Б.И. (52) од Тетово, Македонија, со албанска етничка припадност, во кое под присила била и Ј.В. (30) бил запрен од сообраќајната полиција на патарина во Прешево поради прекршок.

Моментот кога возилото било запрено од полицијата, жиртвата го искористила да истрча од него и да побегне од насилниот маж, како што пишуваат српските медиуми. Но, во моментите кога жената истрчала од возилото, мажот испукал два куршуми кон неа пред очите на полицијата и на крајот си пукал во главата.

Жртвата со тешки повреди била примена во Универзитетската болница Ниш.

Како што пишува „Ало.рс“, Б.И. има македонско државјанство, но станува збор за албанец, кој наверојатно бил во емотивна врска со Ј.В., но бил насилен кон неа.

- Тие се запознаа во Швајцарија пред три години. Имале бурна врска и живееле заедно, а потоа таа заминала во родниот град на нејзината мајка во округот Расин. Неколку пати дошол кај неа и ја тепал заканувајќи и се дека ќе ја убие. Таа сето тоа го пријавила во полиција и тој добил забрана за приближување. Исто така, му е забранет влез во Република Србија - изјавил извор близок до случајот за „Ало.рс“.

Според нивните информации, првичните претпоставки се дека кобната вечер во четвртокот Б.И. илегално ја преминал српската граница и дошол кај Ј.В. и тогаш под закана со пиштол ја грабнал од куќата на мајка ѝ.

Инаку, насилниот Албанец имал и швајцарски и македонски пасош.

Слично

Поврзани вести