Економија, финансии, бизнис

Контакт

Имал само 21 година: Момче од Сопот починалo во Вардар додека копалo со товарно возило

Имал само 21 година: Момче од Сопот починалo во Вардар додека копалo со товарно возило

Момче од Сопот починало, откако со камион паднало во водите на Вардар, а неговиот совозач бил повреден, соопшти полицијата. Настанот се случил вчера, а во полициската станица во Неготино било пријавено околу 12 часот. 

„На 21.07.2021 околу 12.00 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека товарно возило „ман“, со кумановски регистарски ознаки, сопственост на фирма од Куманово, а управувано од П.М.(21) од селото Сопот, кавадаречко, додека вршело ископ во водите на реката Вардар, во атар на село Црвени Брегови, паднало во реката. Притоа, П.М. починал на местото на настанот, а совозачот Д.Е.(19) од село Марена се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата во Неготино. Бил извршен увид на местото, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција“, велат од МВР.


Слично

Поврзани вести