Економија, финансии, бизнис

Контакт

Имал само 15 години: Момче почина во стравична сообраќајка во Марино

Имал само 15 години: Момче почина во стравична сообраќајка во Марино

Имал само 15 години. Малолетникот А.Р. починал вчера попладне откако управувајќи на мотор се судрил со автомобил на улица во населбата Марино, општина Илинден. Петнаесетгодишникот е од Миладиновци, а несреќата се случила околу 13 часот. Автомобилот бил од марката „рено“ и го управувал С.И. (31).

Откако „реното“ прво пресекло пат, момчето со моторциклот „Априлија“ се судрило во него.  

На лице место од тешките повреди починал малолетникот, а смртта била констатирана од екипа на Итната медицинска помош. Телото е предадено на обдукција. 

Официјални информации за тешката сообраќајка МВР најавува за денеска. 

Слично

Поврзани вести