Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИМАЛ ЛАЖНИ ДОКУМЕНТИ: Mомче од Македонија е осомничено за обид за убиство на црногорскиот мафијаш Марко Љубиша

ИМАЛ ЛАЖНИ ДОКУМЕНТИ: Mомче од Македонија е осомничено за обид за убиство на црногорскиот мафијаш Марко Љубиша

Андреј Танасковски (18) од Северна Македонија е осомничен за обид за убиство на црногорскиот мафијаш Марко Љубиша, познат како Кан (56), објави Телеграф.

По него во тек е интензивна потрага, а полицијата ги повика граѓаните веднаш да пријават доколку имаат какви било информации за ова момче.

За потсетување, Кан беше ранет пред 8 дена, на базенот на хотелски комплекс во Пржно, а вооружениот напаѓач, за кого се верува дека е Андреј Танасовски, побегнал.

„А.Т. со употреба на огнено оружје испукал 2 проектила во правец на М.Љ., кој при тоа задобил повреди на главата. По извршувањето на кривичното дело, А.Т. побегнал во непознат правец,“ соопштија од Управата на полицијата.

Се верува дека атентатот на Кан бил однапред испланиран.

„Постојат основи за сомнеж дека непосредниот извршител на кривичното дело, А.Т., при планирањето и подготвителните дејствија, како начин за инфилтрација во спроведувањето на криминалните активности, го искористил престојот како гостин на хотелот со фалсификуван документ – лична карта на име Ј.Г., како државјанин на Република Србија,“ изјавија од Управата на полицијата.

Според сознанија на медиумите, тој користел лажен идентификациски документ во кој биле внесени податоци на државјанинот на Србија Јован Г., роден во септември 2006 година.

Андреј се товари за обид за убиство, недозволено поседување и носење оружје и експлозивни материи, како и за фалсификување исправа.

фото принтскрин

Слично

Поврзани вести