ИМААТ ПМ-10 ЧЕСТИЧКИ СКОРО 20 ПАТИ НАД ДОЗВОЛЕНОТО: Воздухот во Кичево е екстремно загаден
Воздухот во Кичево вечерва е екстремно загаден.
Попладнево во Кичево се измерени 985 ПМ-10 честички микрограми на метар кубен, што е за скоро 20 пати над дозволенaта граница.
Загаден воздух вечерва дишат битолчани, гостиварчани, кумановци, струмичани, кавадарчани, тетовчани. Но, и во помалите места воздухот е загаден. Апликацијата Мој воздух покажува дека и во Свети Николе воздухот е загаден.
На листата на air visual, Скопје вечерва е 20-та на листата најзагадени градови во светот.
Слично
