Имаат 500 евра плата и пак им е малку
Во јули годинава во Црна Гора просечната плата била 508 евра.
Тоа е пад за 0.5% во однос на јуни кога изнесувала 511 евра.
Во однос на истиот месец лани нето платата има раст од 0.6%.
Бруто Црногорците земаат 761 евро.
Пораснале платите во секторите работење со недвижности, услужни дејности, сообраќај и складирање, информации и комуникации, услуги за сместување и храна и друго.
Пад на платите има во секторот уметност, забава, рекреација, снабдување со електрична енергија, вадење на руда и камен и друго.
Слично
