ИМААТ 47.000 ДОЛАРИ БДП ПО ГЛАВА НА ЖИТЕЛ: Во што е тајната на нивниот успех?
Според податоци на Светска банка Белгија има БДП по глава на жител над 47.000 долари.
Со оваа земјата спаѓа меѓу најбогатите во светот.
Сместена е во срцето на западна Европа и со тоа има добар извоз и отворена економија.
Извозот чини околу 80% од БДП. Како основач на ЕУ, земјата отсекогаш имала важна улога на меѓународен план.
Таму се седиштата на ЕУ и НАТО. Во Брисел има седишта на 120 меѓународни организации,. над 180 консултанти, 5000 дипломати и 1000 лобистички групи.
72% од извозот оди во ЕУ, а најголем дел или 17% се слева во Германија.
15% од извозот го реализираат во Франција, а 11% во Холандија. Надвор од ЕУ, 6% оди во САД. 2% од извозот отпаѓа на Кина и Индија.
Белгија е голем извозник на дијаманти, а на врвот е и по извозот на чоколадо, маргарин и стакло.
