Економија, финансии, бизнис

Контакт

Има земјиште на кое може да никнат 15 згради: Детали од анкетниот лист на новиот министер Хисен Џемаили

Има земјиште на кое може да никнат 15 згради: Детали од анкетниот лист на новиот министер Хисен Џемаили

Стан и куќа за одмор во Тетово  - ама станот е од сопругата, а куќата која има 90 метри квадрати си ја купил во 2005 година. Хисен Џемаили, новиот министер без ресор задолжен за подобрување на инвестициската клима на домашните претпријатија, од недвижен имот во анкетниот лист пријавил и повеќе парцели земјиште. Сите се стекнати со наследство, а ако се собере излегува дека Џемаили поседува во тетовско земјиште во вкупна површина од дури 32.968 метри квадратни. 

Џемаили влезе во Владата при последната реконструкција како кадар на ДУИ кога од позицијата беше сменет Зоран Шапуриќ. Џемаили во анкетниот лист доставен до Државанта комисија за спречување на корупцијата пријавил и деловен простор, а неговото семејство има три моторни возила. Како имот на брачниот другар е пријавено возило Ауди А6, додека самиот поседува Форд ренџер и Митсубиши.

Џемаили не и непознат на јавноста. Тој е од тетовскиот огранок на ДУИ, кој беше незадоволен од застапеноста со министри во Владата.Тој е еден од основачите на Демократската унија за интеграција. Беше обвинет во еден од четирите Хашки предмети и како еден од пратениците на кој му беше одземен имунитетот. Како учесник во ОНА во војната од 2001 година, беше обвинет за Хашкиот предмет „Малтретирани градежни работници од Маврово“. Тогаш по Џемаили беше распишана потерница бидејќи два месеца не се појавуваше ниту во Собранието ниту во суд.

Неговата биографија доставена до Собранието пред неговиот избор изобилуваше со низа печатни грешки.

А.Т.

Слично

Поврзани вести