Економија, финансии, бизнис

Контакт

Има вонреден надзор откако 17 годишна девојка почина од коронавирус

Има вонреден надзор  откако 17 годишна девојка почина од коронавирус

Државниот санитарен и здравствен инспекторат уште од вчера попладне почнал со вонредниот надзор за смртта на 17 годишната пациентка.

Младата пациентка на Инфективната клиника е хоспитализирана во многу тешка состојба, 9 дена по појавата на првите симптоми. Со Брза Помош ја транспортирале од битолската болница каде престојувала само еден ден, но поради ниската сатурација и влошената состојба итно била префрлена на скопските клиники. Починатата девојка имала дијабетес.  

Министерството за здравство вчера соопшти дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починала 17 годишна пациентка од село Сопотиница, Демир Хисар. 

Таа е трета малолетничка која почина од коронавирусот во Македонија. 

Слично

Поврзани вести