Има стаклена градина, базен со лилјани, хелихоптер: Каква е Вахдетин резиденцијата каде вечераа Заев и Ердоган
Павилјонот Вахдетин или Павилјон Ченгелкој во кој вчера вечераа премиерот Зоран Заев и претседателот Реџеп Таип Ердоган е обновена историска конструкција во населбата Ченгелкој во Истанбул, Турција. На фотографиите се гледаше прексрасниот амбиент во резиденцијата. Оригиналниот павилјон го користел тогашниот османлиски принц Мехмед Вахдетин. Оваа куќа споменик, која била урната во 2013 година и заменета со неточна бетонска реплика, сега е официјална резиденција доделена на претседателот на Турција. Исто така се користи како државна резиденција за гости.
Резиденцијата е дизајнирана од француско-османлискиот архитект Александар Валајури (1850–1921) и е изградена од османлискиот султан Абдул Хамид Втори (владеел 1876–1909). Султанот ја доделил зградата на неговиот брат Мехмед Вахдетин (1861–1926), кој престојувал во павилјонот пред да се искачи на престолот во 1918 година.
Сместена е на еден рид во Ченгелкој, на азискиот дел на Истанбул, со поглед на Босфор. Недвижноста зафаќа површина од 65 000 метри квадратни. Постојат дополнителни згради во имотот, вклучително и Стариот павилјон Кичеоглу, павилјонот Кадин Ефенди и станот Агалар.
Во 1988 година, премиерот Тургут Озал (на функцијата: 1983–1989) дал инструкции за развој на павилјонот во дом за одмор на премиерот. Реставраторските работи завршиле со смртта на Озал во 1993 година. Изведувачот ги напуштил зградите бидејќи одобрените средства биле стопирани.
Во 2007 година, имотот бил предаден од Министерството за култура и туризам на Генералниот директорат за фондации, кој му го додели на премиерот. Премиерот Реџеп Таип Ердоган (на функција: 2003–2014) наредил повторно започнување на работите за реновирање. Сите згради биле срушени. За време на „реконструкцијата“ не се посветувало внимание на архитектонските детали, материјализацијата, ориентацијата, локацијата или постојниот дизајн на пејзажот. Урнати се и три соседни историски куќи од дрва, и слично, сите биле 'обновени' без да се обрне внимание на оригиналните дизајни. Зградите наликуваат на оригиналните споменици само површно.
Во просторот за живеење има стаклена градина, украсен базен со лилјани, хеликоптер и гаража за паркирање. Шумата во кое се наоѓа павилјонот, има околу 300 дрвја како камен бор, липа, даб, кедар од Либан, ловоров, црвен буд...
