Економија, финансии, бизнис

Контакт

Има шанси да се гради делницата Тетово – Призрен

Има шанси да се гради делницата Тетово – Призрен
Агенцијата за државни патишта нарача Физибилити студија за делницата Тетово-Призрен. За околу 45.700 евра  компанијата за инженеринг и консалтинг Чакар-Партнерс ДОО Скопје ќе дава архитектонски, инженерски и интегрални инженерски услуги, услуги за просторно планирање и инженерски услуги за уредување на земјиштето. Во рамките на оваа Физибилити студија Агенцијата за државни патишта очекува да добие и поврзани научни и технички советодавни услуги како и технички испитувања и анализа за реализација на проектот. Фирмата има на располагање 6 месеци да ја изработи Физибилити студијата. Агенцијата првично спровела тендер и добила две понуди од 41.300 евра и 38.700 евра, но не биле прифатливи. Па ја избрала понудата на Чакар-Партнерс од Скопје, многу поскапа од две добиени понуди.
Слично

Поврзани вести