Има само 26 години и заработи 3,7 милиони долари за една година
Рита Ора на 26 години направи нов запис за хитот „Poison" од 2015 година, но интересно е што оваа млада девојка станува се побогата.
Таа е родена во 1990 година во Приштина, Косово. Истата година родителите заминуваат за Велика Британија.
Заедно со музичката слава, изненадувачки е дека во 2016 година пејачката Рита Ора има приходи од над 3,7 милиони американски долари, иако не промовирала нова песна.
Таа сепак има високи приходи благодарение на рекламната дејност за различни брендови, вклучувајќи ги „Адидас" и „Кока-кола", како и појавувањето во два филма од серијалот „Педесет нијанси".

Слично
