Економија, финансии, бизнис

Контакт

Има само 16 години и свој бизнис…

Има само 16 години и свој бизнис…

Најмладиот претприемач во Бугарија, Димитар Керанов има само 16 години и свој бизнис.

Тој на земјоделски имот во Добричко има засадени 150 лешници, а очекувањата му се дека производството ќе  му носи годишно по 8000 лева. Димитар од мал се интересира за земјоделство. Раскажува дека првото дрво го засадил на 4 години. Во тоа му помогнале баба му и дедо му, кои го научиле како да се грижи за земјата, за да си обезбеди заработка.

Токму овие вештини го насочиле да се запише во паралелка за претприемништво и бизнис во Софија. Минатата година Димитар решава да се зафати со одгледување на лешници и да го примени во пракса наученото.

„Го водам бизнисот во целост со мои пари кои сум ги издвоил од џеб, од родендени, празници и  тоа во рок од две години. Потоа парите ги инвестирав во купување на дрвцата. Годишниот мојот профит од овие 150 дрвја може да е околу 8000 лева“ - раскажува момчето.

Ученикот веќе разговарал со компании кои би го откупиле производството. Младиот претприемач е категоричен дека земјоделството дава многу можности за развој, особено сега откако Бугарија е во ЕУ и може да се аплицира за многу европрограми.

Слично

Поврзани вести