Има работи за кои никаде во светот не се преговара, порача Заев
Има работи за кои никаде во светот не се преговара, ниту пак кај нас ќе се преговара, изјави премиерот Зоран Заев.
Вели дека тоа бугарската страна не го сфаќа.
„Ние продолжуваме да изнаоѓаме решенија кои би биле прифатливи за двете страни. Но, дефинитивно стојам и денеска како на тој 11-ти октомври дека постои сериозна можност да не добиеме прва меѓувладина конференција со ЕУ”, рече Заев.
Европската Комисија не се откажува од започнување преговори со Северна Македонија, тврдат од Брисел по средбата на премиерите на Македонија и Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов во Софија.
Оттаму остануваат на ставот дека двете страни треба да изнајдат компромис и дека може да се надминат несогласувањата, јави дописничката на МИА од Брисел.
Слично
