Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИМА ПРИЈАВА ПРОТИВ ПОРАНЕШЕН ПРЕМИЕР И ВИЦЕПРЕМИЕР: Тошковски вели „очекувам дека доброволно ќе се врати како што кажа“

ИМА ПРИЈАВА ПРОТИВ ПОРАНЕШЕН ПРЕМИЕР И ВИЦЕПРЕМИЕР: Тошковски вели „очекувам дека доброволно ќе се врати како што кажа“

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на пресконференција со детали за акцијата организирана утрово за криминал во Државна лотарија.   

Тој посочи дека имало кривични пријави против поранешен премиер и поранешен вицепремиер.  

- Поднесена е пријава против осум физички лица, од кои едниот е поранешен премиер, еден поранешен вицепремиер, еден поранешен директор на правно лице, и еден поранешен генерален секретар. Две од лицата не се достапни на органите на прогонот - изјави Тошковски. 

Кога новинарите прашаа за кои лица станува збор, Ташковски не посочи конкрено но одговорот сугерираше дека се однесува на Артан Грби. 

- Многу добро знае јавноста кои се тие две лица. Јас би упатил јавен повик, од еден од тие двајца кои во текот на вчерашниот ден кажа дека доброволно ќе се врати во Македонија, јас сакам да му верувам, кажа дека е чист како солза, пак сакам да му верувам, еве јавно упатувам да истиот се врати во Македонија, ако не е вратен, и да им овозможи на институциите соодветно да ја истераат оваа постапка - изјави Тошковски.


Слично

Поврзани вести