Има правна празнина: Како им биле исплаќани плати на Шеќеринска, Османи, Спасовски и Лика
Министерството за труд и социјална политика подготвува Предлог на Закон за изменување на Закон за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Македонија.
Известувањето веќе е доставено до ЕНЕР, а измените се правдаат со потребата за доуредување на регулативата за исплата на плата на замениците на претседателот на Владата.
„Со донесување на Одлукана Уставниот суд на седницата одржана на 21 февруари 2018 година се укина членот 14 содржан во Закон за плата и надоместоци на избраните и именуваните лица во Република Македонија во делот на „потпретседател на Владата“. Со укинување на овој дел од членот 14 од Законот се појави правна празнина за утврдување на платите на замениците на претседателот на Владата на РМ, стои во образложението
Се вели дека целтa на Предлогот на Закон за изменување на Закон за плата и надоместоци на избраните и именуваните лица е да се смени овој член 14 и на таков начин да се даде можност за утврдување на платите на замениците.
Претседателот на Владата Зоран Заев има пет заменици а тоа се Радмила Шеќеринска, Оливер Спасовски, Бујар Османи, Кочо Анѓушев и Хазби Лика.
Анѓушев уште на почетокот рече дека се откажува од платата.
