Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИМА ПОСЕТЕНО ПОВЕЌЕ ОД 20 ЗЕМЈИ - омилени и се Египет и Хрватска, а еве каде не би отишла повторно

ИМА ПОСЕТЕНО ПОВЕЌЕ ОД 20 ЗЕМЈИ - омилени и се Египет и Хрватска, а еве каде не би отишла повторно

Велат секое слободно време и можност користете го за патување, тоа ќе ви остане. Тие спомени се врежуваат засекогаш и ќе ги раскажувате и на вашите внуци. Но, дури и прошетките до планина или во парк ги препорачуваат и лекарите за намалување на секојдневниот стрес, кој најчесто доаѓа од брзиот начин на живот. А доколку сте лице кое знае да избега виртуелно во светот на некои егзотични или навистина туристички примамливи дестинации, не може, а да не сте го забележале на Инстаграм профилот на Лилјана Клинчарова Ангеловска.

Таа од 2017 година работи како туристички работник и преку фотографиите не‘ води низ убавите плоштади на Хрватска, богатата историја на Египет, сините убави морски бранови во Бодрум и на многу, многу други места.

Со неа зборувавме за најубавите дестинации кои ги посетила, но и за градовите во кои не би сакала да се врати повторно. За себе вели дека е вљубеник во патувањата, својата работа и креативното изразување, а од неодамна е остварена и како мајка.

* Зошто токму туристички работник, како започнавте со оваа работа и од кога?

- Мојата работа како туристички работник започна во 2017 година со желба за промена кон нешто ново и динамично на професионално поле. Искрено, никогаш не помислував дека ќе сум дел од светот на туризмот. Но, претпоставувам можноста за работно место кое овозможува истражувања, патувања и креативност во сите форми беше доволна причина за се‘ уште да бидам дел од оваа патувачка приказна. 

Повеќе детали на Женски магазин

Слично

Поврзани вести