Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИМА ПЛАН ЗА ТЕРЕНСКА ВАКЦИНАЦИЈА ВО МЕСТАТА КАДЕ НЕ СЕ ПРИЈАВУВААТ: Колективен имунитет кон крајот на летото, најави Филипче

ИМА ПЛАН ЗА ТЕРЕНСКА ВАКЦИНАЦИЈА ВО МЕСТАТА КАДЕ НЕ СЕ ПРИЈАВУВААТ: Колективен имунитет кон крајот на летото, најави Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека вакцинацијата во моментов е забавена, но процесот повторно ќе забрза откако кон крајов на месецов треба да пристигнат значително поголемите количини вакцини од Синовак и Фајзер. На заедничката прес-конференција со кинескиот амбасадор во Македонија, Џанг Ѕуо, Филипче истакна дека сите 180.000 граѓани кои се пријавени за вакцинација, многу брзо ќе добијат термини. Планот е, како што истакна, дневно да се вакцинираат по околу 15.000 луѓе.

-Досега се вакцинирани под 300.000 граѓани, а планирано е во следниот период да се вакцинираат уште 300.000 луѓе. Сметам дека до крајот на летото ќе постигнеме процент на имунизирани за кој ќе можеме да кажеме дека е колективен имунитет. Единствено не можеме да бидеме сигурни како ќе влијаат мутациите на вирусот. За ова разговаравме и со амбасадорот. Тој вели дека и во Кина каде има силна кампања за вакцинација, има појава на заразени, меѓутоа станува збор за случаи со лесна клиничка слика, нагласи министерот Филипче.

Она на што работиме во моментов, додаде Филипче, е план за теренска вакцинација.

-Нешто на што работиме во моментов е план за теренска вакцинација во местата каде што ќе видиме дека недоволен број од граѓаните се пријавиле за вакцинирање, нагласи Филипче.

А.Б.

Слично

Поврзани вести