ИМА ПАРИ ЗА ВАКЦИНАТА ПРОТИВ КОВИД: Две дози чинат 21 евро, од буџетот се издвоени доволно средства за 800.000 вакцини
Премиерот Зоран
Заев и министерот за финасии Фатмир Бесими, во синоќешната дебата на МТВ
посочија дека се обезбедени се пари во буџетот за набавка на вакцината против
корона вирусот, како и за лекот ремдесивир.
За да биде вакцинирано 20 отсто од населението во Македонија се потребни 800.000 дози вакцини против КОВИД-19, заради што 390.000 милиони денари или 6,7 милиони евра се планирани во буџетот. За лекот Ремдесивир планирани се 67,5 милиони евра.
Министерот Бесими појасни дека од кредитот на Светска банка во вредност од 90 милиони евра, предвидено е и за вакцина.
-Оттаму кажаа дека дополнително ќе и дадат на државата само за вакцината, што значи дека има обезбедени средства и доколку се покаже потреба за повеќе, засега има доволно средства предвидено за вакцини, рече министерот Бесими во синоќешната дебата на МТВ.
Премиерот Зоран Заев појасни дека основната поекција е 800 илјади вакцини, појаснувајќи дека од некои производители, двете дози чинат вкупно 21 евро, што ќе значи вкупна сума од 10,47 милиони евра.
Земјава е веќе внесена во системот КОВАКС за да бидат навреме резервирани вакцините, истакна премиерот, а како што рече, авансот најверојатно ќе биде платен веќе на почетокот на декември. -Ако има потреба за повеќе, ќе обезбедиме дополнително плус пари, рече Заев.
-Владата на Грција нарача вакцини и за Северна Македонија и за Албанија. Освен тоа, во разговор со претседателката на Европската Комисија, Урула фон дер Лејен во петокот било соопштено дека ЕК донела одлука покрај за земјите членки на Унијата, вакцината да биде набавена и за шесте земји од Западен Балкан, истакна премиерот Заев.
