Економија, финансии, бизнис

Контакт

Има основи за напредок, тврдат од СДСМ и ДУИ по средбата на Заев и Ахмети

Има основи за напредок, тврдат од СДСМ и ДУИ по средбата на Заев и Ахмети

Има добри основи за напредок во преговорите меѓу СДСМ и ДУИ. 

Заврши работната средба меѓу претседателите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети и генералните секретари на партиите Љупчо Николовски и Артан Груби.

Од заедничкото соопштение на двете партии се вели дека средбата била продуктивна и дека постигнати се основи за напредок кој води до коалиционен договор.

„На тричасовната конструктивна и продуктивна средба постигнати се основи за напредок кој води до коалиционен договор за нова, европска Влада посветена на европските интеграции, на економијата, еднаквоста и на владеењето на правото. Разговорите меѓу двете партии ќе продолжат во текот на викендот на ниво на генерални секретари“, соопштија СДСМ и ДУИ.

Средбата се случи по денешното доделување на мандатот на Заев. Тој сега има рок од 20 дена да се обиде да обезбеди мнозинство. 

Шефот на државата Стево Пендаровски на денешната прес конференција, по средбата со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, изјави дека не му побарал на лидерот на СДСМ, Зоран Заев гаранција за обезбедено мнозинство.

ВМРО-ДПМНЕ најави дека ги замрзнува односите со Пендаровски, и рекоа дека ќе мора да докаже дека е претседател на сите граѓани. 

Слично

Поврзани вести