Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ИМА ОБРАСЦИ ЗА ПАСОШИТЕ, НОВА КОЛИЧИНА ЌЕ СТИГНЕ ВО НАРЕДНИОТ ПЕРИОД“: Документи ќе се издаваат и по 12. февруари

„ИМА ОБРАСЦИ ЗА ПАСОШИТЕ, НОВА КОЛИЧИНА ЌЕ СТИГНЕ ВО НАРЕДНИОТ ПЕРИОД“: Документи ќе се издаваат и по 12. февруари

Изадавањето на личните документи, патни исправи и пасоши ќе продолжи и по 12. февруари, уверува министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, нагласувајќи дека обрасци има, а нови количини ќе пристигнат и во понеделник и во наредниот период.

-Има обрсци, и тука не треба да се грижиме. Стигнува една количина во понеделник, потоа стигнува уште една, така што обрасци има. Најважно е дека на 12. февруари не престанува издавањето на документи, туку продолжува и понатаму. Нормално е да има гужви кога не се води процесот од почеток. Ако 2021 година имаме изработени само 120.000 документи, тоа говори дека сте си ги оставиле обврските за подоцна и да чекаме до последен ден. Ако погледнеме теротирајлно, внатрешноста ја има завршено работата, но ова се случува само во Скопје, но и тука имаме подобрувања“, изјави министерот Спасовски.

фото: ФАКТОР

Слично

Поврзани вести