Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИМА НОВА ПРЕСМЕТКА: Љутков кажа кога вработените во култура ќе добијат плата

ИМА НОВА ПРЕСМЕТКА: Љутков кажа кога вработените во култура ќе добијат плата

Новата пресметка на плати е најправилно решение, досегашниот начин на исплата е неодржлив, вели министерот за култура и туризам, Зоран Љутков. 

Toj се надева дека до утре до 16 часот ќе бидат исплатени платите за март за околу 3.000  вработени во секторот култура во 120 институции.

Доцнењето се должи на новиот начин на пресметка на платата што, рече, е многу обемен процес. Вели дека пресметката е усогласена со Министерството за финансии и со двата колективни договора – општиот и посебниот. Објасни дека околу 6 отсто ќе биде во просек зголемувањето на платите кај сите вработени.

Во гостување во Дневникот на ТВ Сител Љутков рече дека не било пријатно вработените во културата да се остават без плати за време на празниците и за тоа им се извинил.

Синдикатот на културата денеска одржа протестен совет пред Министерството за култура поради неисплатените плати и како што соопшти, обидите за непочитување на колективните договори. Собирот следуваше откако работниците од културата останаа без мартовската плата за велигденските празници.

Слично

Поврзани вести