Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ИМА НЕКОЈ ФУНКЦИОНЕР НА ДУИ КОЈ ОДГОВАРАЛ ЗА НЕШТО“, НАЈЧЕВСКА ПРАШУВА, НО И ОДГОВАРА: „Тие секогаш остануваат неказнети“

„ИМА НЕКОЈ ФУНКЦИОНЕР НА ДУИ КОЈ ОДГОВАРАЛ ЗА НЕШТО“, НАЈЧЕВСКА ПРАШУВА, НО И ОДГОВАРА: „Тие секогаш остануваат неказнети“

Професорката Мирјана Најчевска утринава утринава во неколку објави на нејзиниот профил на Фејсбук оценува дека најголемиот проблем во Македонија е, како што вели, ситно-коруптивниот и малограѓански менталитет на луѓето. Освен тоа, таа прашува и дали кој било функционер на ДУИ одговарал за нешто.

-Јас гледам дека секогаш кога се поведува постапка против нив се менуваат судии и јавни обвинители, а тие остануваат неказнети за било кој криминал.

Еве што напиша Најчевска:

Во Македонија не е толку проблем мафијата и криминалните структури во власта.

Проблем е поданичкиот, ситно-коруптивен и малограѓански менталитет на луѓето.

Едноставно секоја власт уживала и ќе ужива со граѓани кои се јадат и колат меѓу себе за коските и трошките кои им ги фрла.

Има некој функционер на ДУИ кој одговарал за нешто?

Јас гледам дека секогаш кога се поведува постапка против нив се менуваат судии и јавни обвинители, а тие остануваат неказнети за било кој криминал.

Додека мафијата владее со државата не може да зборуваме за било каков исчекор од смрдениот ќенеф во кој се наоѓаме.




Слично

Поврзани вести