ИМА НАДЕЖ - првиот пациент тргнат од респиратор ги израдува лекарите
Од почетокот на појавата на коронавирусот, земјава вчера го регистрираше првиот случај на заболен пациент кој е тргнат од респираторна машина откако пред три недели бил примен во тешка состојба.
Тој пет-шест дена примал озонска терапија, антибиотици и антиинфламаторни лекови.
Пациентот имал 37 години. Тој е хоспитализиран во Градската општа болница „8 Септември" и тој според директорот на болницата Христијан Костов, сам дише и неговата состојба е стабилна.
„Му треба време на организмот. Ние пробуваме. Ако му падне сатурацијата (присуството на кислород во крвта) може повторно да го ставиме на респираторна машина. Мора да му се даде време. Неопходни се 24 до 48 часа за да сме целосно сигурни дека на пациентот не му треба респираторна машина. Ова е резултат на ангажманот на целата екипа во болницата која макотрпно работи“, изјавил Костов за МИА.
Со новодијагностицираните пациенти, бројката на заболени во земјава од почетокот на епидемијата се искачи на 1.526 лица и на 86 починати. Сепак, бројката на оздравени надмина илјада, а бројот на активни случаи изнесува 427.
