Економија, финансии, бизнис

Контакт

Има мртва трка на многу места, во Карпош и Центар Мециновиќ има водство, вели Богевски од Левица

Има мртва трка на многу места, во Карпош и Центар Мециновиќ има водство, вели Богевски од Левица

Задоволни сме од излезноста, секако освен во Сарај и Чаир, каде неофицијално имало и поткуп за да не се излегува на избори, рече портпаролот на Левица, Круме Богевски. 

„Очекуваме да бидат воочени сите нерегуларности. Имаше многу нефункционални идентификациски апарати. Нашите набљудувачи веќе не известуваат. Во голем број од изборните места има мртва трка меѓу двата кандидати. Засега знаеме дека во Карпош и Центар имаме водство“, рече Богевски.

Рече дека нивниот кандидат Амар Мециновиќ има водство во некои избирачки места во Кисела Вода пред кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, што според нив ја отсликува волјата на народот

Слично

Поврзани вести