Економија, финансии, бизнис

Контакт

Има мнозинство за законот за ЈО, Владата на ноќно заседание

Има мнозинство за законот за ЈО, Владата на ноќно заседание

22 часот е терминот кога Владата ќе ја почне осмата седница а на која е извесно дека ќе биде одобрен предлог текстот за Законот за јавно обвинителство.

Телма повикувајќи се на владини извори пренесе дека власта веќе обезбедила 2/3-тинско мнозинство а уште вечерва законот ќе биде пратен во Собрание.

Лидерот на СДСМ со оптимизам гледаше на ова прашање додека првиот опозиционер сеуште не се согласува .

Симболична најава преку социјалните мрежи испрати и министерката за правда Рената Дескоска која објави фотографија од бел чад.

На овој начин таа повлече паралела со изборот на Папа во Ватикан, кога белиот чад се користи како симбол на договор на кардиналите за нов поглавар на католичката црква. 


Слично

Поврзани вести