Економија, финансии, бизнис

Контакт

Има многу чад, но пожарот е незначителен, вели Ангелов

Има многу чад, но пожарот е незначителен, вели Ангелов

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) вели дека пожарот во магацинот на Македонија Табак во Тетово е локализиран и нема опасност од негово ширење. 

Ангелов информира дека во моментот има многу чад, но дека пожарот е незначителен. На местото  каде изби пожарот,  остануваат само тетовските пожарникари. Пожарот избувна утрово во објектот кој се наоѓа во близина на центарот на градот.

Причината за избувнување на пожарот засега не е позната. Учениците утре продолжуваат со настава во Тетово. 

Во пожарот има неколку повредени лица. 

фото Фејсбук/Стојанче Ангелов

Слично

Поврзани вести