Има ли вина кај сестрите за смртта на 41 годишна пациентка: Вонредна инспекција во штипската болница
Државниот санитарен и здравствен инспекторат во моментов спроведува вонреден инспекциски надзор за случајот со починатата штипјанка која имаше само 41 година. Таа почина пред неколку дена на инфективното одделение во Клиничката болница во Штип .
Од Министерството за здравство информираа дека директорот на Клиничката болница Штип д-р Ален Георгијев, исто така побарал да се изготви комплетен извештај за начинот на третман на пациентката.
По завршениот вонреден инспекциски надзор, јавноста, велат, ќе биде детално информирана.
Фактор информираше за болната објава на нејзината ќерка во која с етврдеше дека во последните часови од животот починатата се обидувала и на телефон да ги добие сестрите но безуспешно.
Слично
