Економија, финансии, бизнис

Контакт

Има ли штети по серијата земјотреси во југозападна Македонија?

Има ли штети по серијата земјотреси во југозападна Македонија?

Повеќе земјотреси имаше ноќеска во југозападна Македонија. Првиот е регистриран на 50-тина минути по полноќ. 

Најсилниот потрес е со јачина од 3,2 степени  на длабочина од 10 километри.

Епицентрите на земјотресите се наоѓаат на 85 километри југозапагно од Скопје и потекнуват од епицентрално подрачје Дебарца.

Два од овие земјотреси се регистрирани 50 и 59 минути по полноќ, со магнитуда од 3 степени според Рихтеровата скала. Овие земјотреси се почувствувани во селата на Плакенска Планина со интензитет од 4 степени според Европската макросеизмичка скала, а во Охрид, Струга и Кичево со интензитет од 3 степени според истата скала.

Сепак, штети нема од земјотресите. 

Слично

Поврзани вести