ИМА ЛИ ШАНСИ ЗА МИНИМАЛЕЦ ОД 16 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ
Уште не исплатена новата зголемена минимална плата од 14.500 денари, премиерот Зоран Заев најави ново почачување на минималецот во наредната година.
На партиска трибина која денеска се одржа во Прилеп, премиерот Заев ги потсети граѓаните дека минималната плата кога СДСМ дошла на власт била 9.000 денари, а сега изнесува 14.500 денари.
На трибината премиерот порача дека в година граѓаните ќе добијат уште едно зголемување на минималната плата.
А зголемената минимална плата треба да почне практично да се исплатува од јануари следната година, бидејќи ќе важи за декемвриската плата.
Од тогаш па во иднина не треба да има работник што ќе зема помалку од 14.500 денари месечно, а според податоците на УЈП, се проценува дека зголемување е можно да добијат не повеќе од 90 илјади работници.
Многу од компаниите, особено текстилните, предупредија дека нема да можат да го издржат зголемениот финансиски товар.Дали идната година ќе има ново зголемување, и кога тоа ќе се случи, останува енигма. Не е јасно и дали ќе се оди на зголемување до 16 илјади денари, колку што вети СДСМ во својата предизборна програма до крајот на својот мандат.
