Економија, финансии, бизнис

Контакт

Има ли шанси Владата да се предомисли: Уште неколку дена за невакцинирани ќе нема пиење кафе во угостителски објекти

Има ли шанси Владата да се предомисли: Уште неколку дена за невакцинирани ќе нема пиење кафе во угостителски објекти

Бурни реакции сѐ уште за одлуката со која за неколку дена невакцинирани лица нема да можат да седат и да испијат едно кафе во кафуле.

Забранет влез во угостителски објекти за оние кои не се вакцинирани стапува од 16 август а Независната угостителска комора бара владата веднаш да ја укине оваа мерка.

Како што посочуваат од оваа комора одлуката е неприменлива и не може да биде испочитувана без да се нарушат повеќе човекови права и да се прекршат неколку закони, посебно Законот за заштита на личните податоци.

Со барањето за укинување на одлуката НУК велат дека ќе се спречи деградација и селекција на вакцинирани и невакцинирани гости и ќе се овозможи сите угостителски објекти да бидат достапни еднакво за сите граѓани.

Ниту т.н. нови редари, ниту кој било инспектор, ниту угостителите и вработените во угостителските објекти имаат законска можност, овластување и право да вршат проверка на лицата за нивната состојба на вакцинација со приложување потврда за извршена имунизација, соопшти НУК, потенцирајќи дека медицинската состојба на граѓанинот и гостинот е сензитивна информација и согласно Законот за заштита на лични податоци со исклучок на службено лице и/или овластено лице – лекар, никој друг нема право да врши проверка или прибирање на оваа информација, ниту да врши селекција, односно дозвола за влез во јавен објект на граѓаните по основ на оваа состојба.

Во  моментов се уште согласно постојната важечка законска регулатива вакцинацијата е изборно право на секој граѓанин и не е задолжителна и како такво истата не смее да биде услов за нормално движење, работење и слобода на уживање на човековите права ниту услов за влегување во јавен објект и користењето на услугите на јавниот објект како што се угостителските објекти. Со оваа одлука неприфатливо е угостителските објекти да се ставаат во улога на експериментален филтер за да се провери дали и како системот на селекција на граѓаните може да функционира на вакцинирани и невакцинирани. Поради сето ова, бараме и очекуваме од Вас, веднаш да се укине одлуката со која забранувате посета и влез на невакцинирани во угостителските објекти, посочува претседателот на Комората, Здравко Јосифовски.


Слично

Поврзани вести