Има ли шанси да се воведе директен лет Скопје-Атина?
Во октомври лани грчката авиокомпанија Aegean airlines на прес-конференција соопшти дека во 2018 ќе се воведе директен лет Скопје-Атина.
Скопје беше една од новите 11 дестинации.
Пречка за да започне авиосообраќајот Скопје кон Атина и обратно, беше името на скопскиот аеродром.
Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција Јоргос Катругалос, во однос на конкретното прашање вели дека мерките за градење доверба за кои што се веќе одржани шест круга, разгледуваат многу прашања, меѓу кои и железничко и авио поврзување.
„Разговорите се во тек, кога ќе имаме нешто конкретно, ќе го соопштиме“ - вели алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, задолжен за европски прашања и економска дипломатија, одговарајќи на прашањето на дописникот на МИА од Атина.
Пред три месеци, во октомври минатата година, потпретседателот на Aegean airlines, на прес-конференција во Атина, рече дека за летот од и кон Скопје, побарале инструкции од Министерството за надворешни работи на што посебно треба да внимаваат „бидејќи односите имаат одредена посебност во врска со името на државата“.
