Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИМА ЛИ ПРОПУСТИ КАЈ „БРАКО“: Од компанијата која ги градеше модуларните најавуваат одговори подоцна

ИМА ЛИ ПРОПУСТИ КАЈ „БРАКО“: Од компанијата која ги градеше модуларните најавуваат одговори подоцна

Велешката компанија „Брако“ која ги ги изгради модуларните болници во земјава, најавува сооштение за јавноста денеска. Фактор од нив побара одговори на неколку прашања во врска со модуларните болници, а откако вчера изгоре болницата во Тетово.

Прашавме дали Брако ја поставуваше и опремата во болниците, од каков материјал се и по какви стандарди се градени. Побаравме информација дали и кога е поминат технички прием и како се заштитени технички и безбедносно со оглед на тоа што таму има специфична опрема. Чекаме одговор и на прашањето дали сега се вклучени во истрагата, дали некој ги контактирал и кои се нивните сознанија. 

Додека да стаса соопштението, останува ставот од Министерството за здравство испратено претпладнево дека сите 19 модуларни ковид болници во државата се типски објекти, градени по највисоки медицински и безбедносни стандарди. Од таму велат дека досегашните забелешки биле само незначителни од техничка природа и според министерството, тие не би требало да имаат влијание на трагедијата што ја потресе земјата по пожарото во градот под Шара.

„Модуларните ковид центри, вклучувајќи ја и болницата во Тетово се отворени после технички прием. При градбата на сите модуларни болници, вградените материјали се сертифицирани.  Министерството за здравство  информира дека ковид центарот во Тетово е проектиран со три влеза, ходниците се широки 2,4 метри а парапетите на прозорите се ниски во случај на евакуација. Во објектот не е користено дрво и запазени се сите други потребни елементи за заштита. При пуштање во употреба, направен е уреден технички прием. При градбата има уредно документирани записници за незначителни технички забелешки - силиконирање лајсни на подот, нивелирање на сифон во тоалет, продолжување на дел од олуците сл. По овие барања, е постапено и истите се санирани пред пуштање во употреба и хоспитализација на пациенти. Овие документи ќе бидат доставени на увид на јавноста и медиумите уште денеска“, се вели во соопштението.

Прочитајте: Брако експресно ги наплати модуларните болници во Македонија

А.Т.

Слично

Поврзани вести