Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИМА ЛИ ПОТРЕБА ОД САМОИЗОЛАЦИЈА НА ФУНКЦИОНЕРИ - каде беше деновиве министерот Спасовски

ИМА ЛИ ПОТРЕБА ОД САМОИЗОЛАЦИЈА НА ФУНКЦИОНЕРИ - каде беше деновиве министерот Спасовски

Министерот Оливер Спасовски кој вечерва објави дека е позитивен на коронавирусот, денеска и вчера имаше бројни партиски и државнички активности.

Денеска во Велес засади дрво, настан на кој присуствуваше и премиерот Зоран Заев.

„Денеска во околината на Велес во близина на езерото Младост се приклучив во акцијата „Засади 75 дрвја за 75-годишнината“ во чест на 75-годишнината од формирањето на Организацијата на Обединетите нации, во присуство на официјални претставници на Обединетите нации, дел од дипломатскиот кор и официјални претставници на институциите.

Оваа 2020 година ја донесе една од најголемите здравствени кризи во изминативе неколку децении, сепак годинава е значајна за нас, бидејќи семејството на Обединетите нации слави 75 години од своето основање“, напиша Спасовски.

На настанот се носат маски и се почитуваат протоколите.

На настнот, покрај премиерот Заев, присуствуваат и министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа и постојаната координаторка на Обединетите нации, Росана Дуџак, како и со високите претставници на агенциите на ОН во нашата земја.

А еден ден претходно се одржа дигиталниот конгрес на СДСМ, каде сепак Спасовски и функционери на СДСМ и на Владата, вклучително и премиерот Заев и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, се во затворена просторија, но со почитување на протоколите и носење на маските. 

„Ова се Одлуките од денешниот 25. Конгрес на #СДСМ, ова се нови стандарди, нови исчекори што како одговорна и државотворна партија ги преземаме“, напиша Спасовски за конгресот.

Дали има причини за самоизолација на функционерите, ќе кажат надлежните органи. 

Слично

Поврзани вести