Економија, финансии, бизнис

Контакт

Има ли подобро финале за нашето Гоче: Заев за Пандев од Амстердам

Има ли подобро финале за нашето Гоче: Заев за Пандев од Амстердам

Македонското фудбалско чудо – капитенот Горан Пандев денеска заокружува европски и светски успех, вели премиерот Зоран Заев кој попладнево е во Амстердам и ќе го следи натпреварот Македонија - Хландија во друштво на премиерот на Холандија, Марк Руте. Ова за Пандев е последен меч па Заев му посвети неколку зборови. 

„Најдобриот стрелец во историјата на македонската фудбалска репрезентација, својот последен настап во националниот дрес го игра на историскиот пласман за #MKD на #EURO2020.

Има ли подобро финале за нашиот Гоче?

Сега е време неговото знаење и искуство да го пренесе на нашите млади фудбалски таленти.

Напред Пандев, напред македонски јунаку! Новите македонски сили во фудбалот се во твои раце, напиша Заев.


Слично

Поврзани вести