Економија, финансии, бизнис

Контакт

Има ли опозиционер кој ќе го прашува Заев во Собранието?

Има ли опозиционер кој ќе го прашува Заев во Собранието?

Без опозиција во Собранието на Република Македонија не може да се реализираат одредени основни елементи на парламентарната демократија, а тоа се контролните механизми преку различни методи меѓу кои и пратеничките прашања. За жал, ВМРО-ДПМНЕ одлучи да не учествува денеска на седницата предвидена за пратенички прашања во знак на солидарност со своите колеги пратеници кои добија нови 30 дена притвор. 

Поради како што велат неконструктивниот однос и тие не можат да бидат констрултивна опозиција сега бидејќи се соочуваат со политички реваншизам. Неприсуството на пратениците во собранието од страна на опозицијата го потврди и новиот и привремен координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓочев.

Штом веќе опозицијата не присуствува, не се очекува премногу труд да вложат членовите на парламентарното мнозинство бидејќи тие ја поддржуваат владата и би имале ситуации во кои една партија создава трик прашања за премиерот или владините функционери сами да си се пофалат, што да потсетиме не беше реткост во минатото. Затоа и премиерот Заев рече дека нема потреба во вакви услови да одговара на прашањата на мнозинството и апелираше до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ што побрзо да се вратат во собраниските клупи.

Премиерот Заев останува да се соочи со прашања од преостанатата опозиција во Собранието, како БЕСА или Алијансата за Албанците. Партијата на Села иако излезе од владата и натаму ќе дава парламентарна поддршка за законот за јазици и можеби за некоја многу значајна владина реформа.

Слично

Поврзани вести