ИМА ЛИ ОПАСНОСТ: Ни епидемијата не предомислува дел од родителите да ги вакцинираат децата
Нема нови случаи на морбили, а тие кои се заразени се во стабилна состојба, информираат од Министерството за здравство. Денеска е намален и интересот за вакцинирање, а деновиве вакцинирани се околу илјада деца.
Епидемијата на морбили која е прогласена на територија на град Скопје, најверојатно ќе трае две недели. Се тврди дека поради тоа што е распуст се спречи заразените да се во поголем број со оглед на тоа што има доста родители кои во последните десетина година одбиваа да ги вакцинираат нивните деца токму со оваа МРП вакцина.
Во меѓувреме додека министерот за здравство тврди дека вакцините се квалитетни, дел од родителите кои се против вакцинацијата негодуваат на социјалните мрежи, а имаше и протести.
Слично
