Економија, финансии, бизнис

Контакт

Има ли некој што не јаде ајвар? Еве што открива статистиката за потрошувачката во домаќинствата...

Има ли некој што не јаде ајвар? Еве што открива статистиката за потрошувачката во домаќинствата...

Ако судиме според податоците на Државниот завод за статистика(ДЗС), домаќинствата во последниве години консумираат поголема количина ајвар за разлика од пред десетина години. 

Во 2024 година, едно домаќинство според податоците на ДЗС консумирало по 2.8 килограми ајвар. Во минатото, имало години кога домаќинствата консумирале и по 0.6 килограми од овој специјалитет.  Во 2023 година, статистиката покажува дека просекот по домаќинство бил 2.6 килограми. Во 2022 година, просекот е 2.1 килограми. Во 2021 година, просечната количина на потрошувачка на ајвар по домаќинство е 2.6 килограми. 

„Јас правам ајвар одамна, но правев за семејството и малку за продавање. Веќе 4 години сум пензионерка и се занимавам со тоа. Има зголемување секоја година. Мојата мрежа на контакти е проширена и затоа има зголемување. Ние секоја година јадеме иста количина ајвар. Правиме по 70 тегли, но имам две деца, внуци. Таа количина ја јадат три семејства. Кој јаде, јаде, а кој не јаде, не јаде. Сум имала пријателки,  годишно прават по 5 тегли ајвар. Така си практикуваат со години. Секое домаќинство е различно“, вели Гордана Соколовска од Берово. 

Но, друг човек кој се занимавал со производство на ајвар за продажба, верува дека луѓето сега повеќе јадат ајвар од порано затоа што општо храната поскапува. 

„Дури продававме, секоја година имаше голема побарувачка. Праќавме ајвар и во странство. По 10-15 тегли земаа луѓето. Имавме добри три или четири години. Ако сега е зголемена побарувачката, тоа укажува дека другите намирници се поскапени и повеќе се консумира ајвар. Едноставно луѓето можат да поминат со леб и ајвар“, додава прилепчанец. 

Во 2020 година, едно македонско домаќинство во просек консумирало по 2.2 килограми ајвар.  Во 2019 година, македонските домаќинства во просек јаделе по 1.2 килограми ајвар.  Во 2018 година, количините се помали, односно 1.1 килограм.  Податокот е ист и за 2017 година, 1.1 килограм.  Во 2005 година, домаќинствата консумирале помала количина ајвар, односно само 0.6 килограми по домаќинство. 

Сања Атанасовска

Слично

Поврзани вести