Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИМА ЛИ МИТО ЗА ВЛЕЗ ВО МИРОВНА МИСИЈА И ВО ПОЛИЦИЈАТА - Ковачки со шокантни тврдења

ИМА ЛИ МИТО ЗА ВЛЕЗ ВО МИРОВНА МИСИЈА И ВО ПОЛИЦИЈАТА - Ковачки со шокантни тврдења

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, на вчершната собраниска Комисија за одбрана, како да фрли бомба со едно свое тврдење. Имено, тој обвинува дека за учество на наши војници во мировна мисија се давало мито од 3.500 евра, а за прием на професионален војник 5.000 евра. 

Според него, тоа одело преку две линии, односно едната линија е преку лица до владејачкката СДСМ, а другата е преку ДУИ.

Дел од тоа свое излагање тој сподели и на својот фејсбук профил.

– Ова се работи што ги кажувам и не ги зборувам напамет, јас имам и конкретни имиња и кога зборуваме за давање мито, сега споменав 3.500 евра. Знам и една сума што се дава на курсот за професионални војници, односно за подофицери и за приемот на професионални војници, и таа сума е 5.000 евра. И знаеме на кои лица им се дава и ова не го зборувам напамет и не го кажувам само тукутака. За ова предупредуваме подолг временски период, јас дури и на Фејсбук напишав дека имало тепачка претходниот викенд, во делот на приемот на подофицери имате ситуација каде што луѓе аплицирале на тој курс за подофицери, се издава наредба на почетокот на курсот за подофицери во понеделник, меѓутоа списокот сѐ уште не е дефиниран. И списокот се дефинира во недела, луѓето не се известени бидејќи се прават дополнителни политички процени, односно кои луѓе треба да бидат пишани на тој курс, односно луѓе што дале по 5.000 евра. Ова го зборувам со целиот мој кредибилитет што го имам во Армијата на Република Македонија. Така што да знаете и вие кој ги зема парите. Има една линија што оди преку СДС и друга што оди преку ДУИ – порача Ковачки.

Ковачки потенцира дека одговорност за ова ќе има бидејќи тука се конкретните имиња, но ќе ги предаде на надлежните институции на прогон во истиот момент кога ќе бидат ослободени од канџите на власт.

Слично

Поврзани вести