Има ли крај во партизацијата на судството?
Судството повторно партизирано. Продолжува истата приказна , на која очигледно и нема крај. Без опозиција во собраниската Комисија за избори и именувања, СДСМ и ДУИ ги изгласаа Ангел Солев(адвокат и поранешен претседател на Основниот суд Скопје 1 Скопје и поранешен претседател на правниот совет на СДСМ) и Ангеле Илиевски за нови членови на Советот на јавни обвинители.
Ова оди контра препораките на Прибе и барањата на Брисел.
Инаку двајцата членови се адвокати и дел од правниот совет на СДСМ, а Илиевски е поранешен адвокат на екс-разузнавачот Зоран Верушевски во случајот „Пуч“.
Пратеничката група на ВМРО соопшти дека спикерот Џафери и парламентарното мнозинство го коттистат отсуството на опозицијата за продолжување на партизацијата овој пат во Уставниот суд (Насер Ајдари е новоизгласаниот уставен судија) и во Советот на јавни обвинители.
