ИМА ЛИ КАНДИДАТИ ЗА РАБОТА ВО ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАРИЈАТ - Владата бара нови кадри за јавни набавки и администрација
Владата објави јавен оглас со кои бара кандидати кои се заинтересирани за работа во оваа државната институција. Поточно станува збор за вработување на двајца државни службеници во Генералниот секретаријат, за позиции поврзани со јавни набавки и административна поддршка во владините постапки.
Се бара еден извршител за позицијата раководител на одделение за спроведување постапки за јавни набавки во Секторот за јавни набавки, за која е предвидена нето плата од 40.248 денари.
Кандидатите треба да имаат високо образование од областа на економија, бизнис или право, со најмалку четири години работно искуство, од кои дел во јавниот сектор, или шест години искуство во приватниот сектор, вклучително и раководно искуство. Дополнително, се бара положен испит за административно управување, познавање на странски јазик и сертификат за лице за јавни набавки.
Покрај оваа позиција, се бара и еден помлад соработник за стручно-административна поддршка во Одделението за достава на материјали во владината постапка, со нето плата од 31.639 денари. За ова работно место е потребно високо образование од општествените науки, а работно искуство не е задолжително.
И за оваа позиција се бара познавање на работа со компјутери и еден од најчесто користените јазици на Европската унија.
Дел од условите кои заинтересираните треба да ги исполнат се горе доле слични, се бара кандидатите да се државјани на Македонија, активно да го користат македонскиот јазик, да се полнолетни, здравствено способни и без судска забрана за вршење професија.
Дополнително, потребни се: активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, положен испит за административно управување, активно познавање на англиски, француски или германски јазик и положен правосуден испит.
Работното време е 40 часа неделно, од понеделник до петок, со флексибилен почеток помеѓу 7:30 и 8:30 часот.
По
изборите има драстичен раст на огласи за вработување во државните институции.
Покрај пополнувањето на разни позиции во основни училишта, се бараат лица и за
во општините, но и државни институции како Фискалниот Совет, НБРСМ, Собранието,
Министерството за транспорт, како и Управата за јавни приходи - УЈП, Министерство за финансии...
П.О.
