Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

Фискалниот совет, независно тело, задолжено за анализи и мислење за фискалните ризици и исполнувањето на Буџетот на државата и фискалната стратегија е во потрага на раководител на сектор за стручна поддршка.

На веб страната на Агенцијата за администрација е објавен огласот согласно Законот за административни службеници, со кој се бара еден државен службеник за споменатото работно место.

Согласно огласот условите кои се бараат од идниот раководите се меѓу вообичаените за вработување во јавна администрација. 

Кандидатите, кои сакаат да аплицираат мора да се државјани на Македонија, активно да го користат македонскиот јазик, да се полнолетни, да имаат општа здравствена способност за работното место и да немаат забрана на вршење професија, дејност или должност.

Заинтересираните треба да имаат најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен Општествени науки или некои од областите економија и бизнис, други општествени науки – организациони науки и управување менаџмент.

Исто така се бараат најмалку пет години работно искуство во струката од кои најмалку 2 години на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку 8 години работно искуство во струката од кои најмалку 3 години на раководно работно место во приватен сектор.

Одбраниот кандидат ќе биде задолжен за решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг, учење и развој, комуникација, остварување резултати, работење со други/тимска работа, стратешка свест, ориентираност кон странките/засегнати страни, раководење и финансиско управување.

Од идниот раководител се бараат и посебни квалификации, како познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, потврда за положен испит за административно управување, активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски).

Избраниот кандидат ќе работи од понеделник до петок од 8 до 16 часот во денот, а неговата нето плата, или платата која ќе му легнува на сумата ќе достигнува 81.600 денари, што значи трошокот за него ќе биде уште поголем бидејќи треба да се покријат и трошоците за социјално и пензиско осигурување.

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето во електронска форма преку корисничкиот профил креиран на интернет страницата на Агенцијата за администрација.

Рокот за пријавување е до 15 декември, а по истекот на рокот за пријавување, огласот ќе биде отстранет од интернет страницата на Агенцијата.

Огласот е објавен и на веб страната на Фискалниот совет, каде може да се види дека стручната служба на ова тело се уште не е формирана.

Фискалниот совет произлезе со Законот за буџети од 2022 година, а негови членови се Абдулменаф Беџети, Марина Трпеска, а од неодамна и професорот Дарко Лазаров.

П.О.

Слично

Поврзани вести